Зверев во четвртфиналната фаза го совлада Лернер Тиен со 3-1. Првиот сет му припадна на Германецот (6-3), вториот на Американецот по тај-брејк (5-7), а потоа до крајот Зверев со 6-1 и 7-3 во ново доигрување се пласира во полуфиналето.
Таму германскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Алкараз и Де Минер.
Арина Сабаленка одигра според планот и ја исфрли Ива Јовиќ со сигурни 2-0 (6-3, 6-0).
Изненадување имаше во второто четвртфинале, бидејќи Елина Свитолина ја елиминира Коко Гоф и тоа релативно лесно со 2-0 (6-1, 6-2). Свитолина во полуфиналето ќе се судри со Сабаленка.






