Рикардо Калафиори, но и многу навивачи на Арсенал, останаа збунети и шокирани кога судијата Џеред Гилет не му дозволи на дефанзивецот да користи пешкир за да ја избрише топката пред да изведе аут на синоќешниот натпревар против Њукасл.
Само ден претходно, Џеферсон Лерма користеше пешкир за да ја избрише топката пред да нафрли од аут, по кој Кристал Палас постигна гол за победа од 2-1 над Ливерпул.
Но утрово пристигна објаснување, според правилата, мора однапред да се договорат за поставување пешкири околу теренот.
Бидејќи Њукасл и Арсенал не постигнале таков договор пред натпреварот, судијата имал право да го спречи Италијанецот да користи пешкир пред да го изведе аутот.
Calafiori forgot the rule that towels can only be used in Saturday games.
— Walid Arsenal (@1Walid1) September 28, 2025






