Примањата во ракометната елита се драстично помали од поплатените спортови (фудбал и кошарка). Во тековната сезона на елитното европско натпреварување претставник на Македонија беше Еурофарм Пелистер, а „Упскил Хандбал“ објави листа на заработка по учесник.
Битолските „зелено-бели“ котираат при дното на листата, што е очекувано ако се земе в предвид пласманот на претпоследното место во групната фаза.
Според неофицијалните информации, Еурофарм Пелистер оваа сезона од ЕХФ заработи околу 170.000 евра, што е многу ниска сума за еден од шеснаесетте претставници во Лигата на шампионите.






