Македонската универзитетска карате репрезентација на елитното универзитетско европско натпреварување освои вкупно три медали. Покрај Мојсовска и Јовановска, со сребро се закити и Љупче Михаилов од Штип.
Ангела Мојсовска во финалната борба ја победи противничката од Косово, Мустафа Бехије, со резултат 4 – 3 и го освои златниот медал во категоријата под 68 килограми. Во мечевите до финалето, членката на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: Нина Лукенда (Хрватска) 8-4; Амина Фејзиќ (БиХ) 4-3; Влере Керими (Косово) 3-1.
Викторија Јовановска, пак, се бореше со Талија Блејк од Велика Британија (2-2), Михаела Малаута од Романија (2-3), во репасажот се сретна со Матилде Саке од Франција (7-1), а мечот со Лејла Топаловиќ од Австрија го доби со 3-0 и ја освои бронзата.
На Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови, учествуваа над 1,100 спортисти од 32 европски држави. Тие се натпреваруваа во четири боречки спортови: карате, џудо, теквондо и кик-бокс.







