Зидан летоска ќе стане селектор на Франција, тој ќе го наследи Дидие Дешан кој ќе се збогува со селекцијата по Мундијалот.
Популарниот Зизу често се поврзуваше со неколку гиганти ширум Европа, но прв избор му беше кормилото на „триколорите“.
И како што пренесува „Ле Паризиен“, тој конечно кажал ДА и постигнал вербален договор со Фудбалската федерација на Франција.
Соработката ќе се формализира по крајот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.






