Додека траеше Светското клупско првенство, Челси успеа да го купи Жоао Педро од Брајтон и да го донесе, а тоа се покажа како клучно за место во финалето.
Напаѓачот денеска првпат играше како стартер за Челси и нема да го заборави овој меч.
Педро во 18. минута постигна прекрасен гол од далечина за водство на Челси од 1-0.
По 11 минути игра во второто полувреме даде уште еден гол поставувајќи ги конечните 2-0.
Челси во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, меч кој се игра утре од 21 часот.