понеделник, 15 декември 2025

Жоао Феликс ги одбрa милионите од Саудиска Арабија наместо враќање во клубот од детството

Жоао Феликс нема да се врати во Бенфика, во втор план го стави клубот од детството откако доби богата понуда од Ал Наср и сега е пред преселба во Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Се најавуваше дека Жоао Феликс ова лето повторно ќе го облече дресот на Бенфика и ќе се обиде да си ја врати кариерата на прав пат во клубот каде што порасна.

Сепак, последните информации велат дека оваа зделка пропаднала откако Ал Наср тропнал на вратата на Португалецот.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Жоао Феликс веќе кажал ДА на милионите од Саудиска Арабија и сега останува двата клуба да ги финализираат преговорите.

Се шпекулира со трансфер вреден околу 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра), па Челси ќе си ја поврати инвестицијата од пред 12 месеци и покрај тоа што Жоао Феликс се покажа како големо трансфер промашување.

ФОТО: X/Chelsea FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ