сабота, 12 јули 2025
Голманот направи големо предавство

Жоан Гарсија стана првиот играч кој по 30 години се пресели од Еспањол во Барса, па не доби ниту едно фала

Барселона и официјално го потврди ангажманот на Жоан Гарсија, голманот излезе со емотивно соопштение, но Еспањол не му го простува предавството па не му кажа ниту едно фала.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот од Камп Ноу попладнево го комплетираше трансферот на Жоан Гарсија, кој доаѓа од градскиот ривал Еспањол.

„Барселона ја активираше откупната клаузула на Жоан Гарсија, зделката е вредна 25 милиони евра, плус инфлација. Играчот ќе стави потпис на шестгодишен договор со трајност до 30. јуни 2031 година“ – гласеше известувањето.

Неколку часа претходно, трансферот го најави самиот Жоан Гарсија, со емотивна објава на социјалните мрежи.

„Дојде моментот да се разделам со клубот кој ми беше дом од мојата 15-та година. Во текот времето поминато тука, растев како фудбалер и како личност, секогаш со скромност, труд и гордост што го бранев голот на Еспањол. Го дадов максимумот за да му помогнам на тимот, да го претставувам овој грб со најголема посветеност и да бидам достоен за дресот што го носев“ – вели Жоан Гарсија.

„Знам дека оваа одлука нема лесно да биде разбрана, не барам од луѓето да ме разберете, но сакам да знаат дека ја донесов по долго размислување, во предвид ја земав мојата кариера, но и тоа што е најдобро за клубот, моето семејство и за мене“.

Жоан Гарсија е првиот играч кој по 30 години се пресели од Еспањол во Барселона, па „бело-сините“ не му го простуваат предавството и не му кажаа ниту едно фала.

„Активирана е откупната клаузула на голманот Жоан Гарсија – 25 милиони евра плус инфлација – па завршува престојот на играчот во Еспањол“ – гласеше краткото известување кое повеќе беше од информативен карактер.

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ