петок, 27 февруари 2026

Жиру во Белград имаше „час по историја“, го виде легендарниот гол на Панчев и праша: Кој е тој? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лил славеа на гостувањето кај Црвена Звезда (0-2) и со тоа се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од хероите на победата беше Оливие Жиру кој го даде првиот гол на стартот на средбата во Белград. По натпреварот француската легенда имаше тура низ клупските простории и стигна до ѕидот со фотографии од златната генерација која беше европски првак.

Жиру застана пред фотографиите, а окото му го зафати славјето на Дарко Панчев кој го даде решавачкиот гол во финалето на Купот на шампионите во пенал-серијата. Тој не ја препозна македонската „кобра“ и праша: „Кој е тој?“.

Присутните му објаснија дека станува збор за Дарко Панчев, а му кажаа и дека потоа заиграл за Интер, клубот кој му беше градски ривал додека настапуваше за Милан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ