вторник, 16 декември 2025

Жирона не смета на Миовски, Македонецот треба да си бара нов клуб

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски е на излезна врата од Жирона, а најголеми се шансите да се врати во шкотскиот фудбал.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски разочара со своите настапи за Жирона, па шпанскиот клуб веќе не смета на него. Тој не е во составот за тимот кој утре треба да игра со Виљареал.

Наводно од клубот му рекле дека треба да си бара нов клуб.

Новинарот Нил Сола најавува дека следна дестинација за Миовски би можело да биде Глазгов Ренџерс кој го сака на позајмица со право на откуп.

Жирона го купи Миовски за 6,5 милиони евра и ќе се обиде да врати колку што е можно повеќе од таа сума.

Фото: Girona FC/X

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ