Ждрепката сакаше Љуботен во полуфиналето да се сретне со шампионот на Фарски Острови, тимот на НСИ Рунавик.
Во другото полуфинале ќе играат НСА Софија од Бугарија и Пјуник од Ерменија.
Победникот на турнирот ќе избори место во следната фаза. Во договор со учесниците одлучено е Скопје да биде домаќин, натпреварите ќе се играат на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“.
Полуфиналните средби се планирани за 30 јули, додека финалето е закажано за 2 август.