понеделник, 8 декември 2025

Жестока реакција на Беласица: На кого му пречиме? (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Беласица излезе со соопштение во кое искажува згрозеност од денешното судење на мечот со Новаци, но и го вперува прстот во луѓето кои го водат фудбалот во Македонија, струмичани отидоа дотаму што најавија дека утре ќе разгледуваат дали ќе ја напуштат лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Беласица со 0-1 го загуби денешниот меч против Новаци. Струмичани беа видно оштетени со две одлуки, недосуден пенал и поништен гол.

Поради тоа од струмичкиот клуб стигна жестока реакција кон надлежните. Соопштението на Беласица ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалскиот клуб Беласица после разгледување на снимката од денешниот натпревар на која бевме поразени од екипата на Новаци на домашен терен со 0-1 дојде до заклучок дека делителите на правдата главно влијаеа на конечниот резултат, а и во повеќе наврати или уште од самиот старт на првенството бевме сведоци на контроверзно судење против Беласица, а со тоа и свесно и смислено сценарио или свесно скратување на чекорот кон водечките места на табелата.
За таа цел бараме од сите инволвирани структури да ни ги образложат од стартот на првенството сите а посебно денешните контроверзни одлуки кои беа на наша штета а со тоа и смислено недозволување за чесна борба до самиот крај.
Утре управата на клубот на вонреден состанок ќе одлучи како и дали ќе се продолжи со натпреварувањето во такво нерегуларно првенство.
Само ги прашуваме главните инволвирани во режирање на сите сценарија:
1.Дали Беласица некому смета?
2.Со што сме заслужиле ние како клуб од 103 години да немаме еднаков критериум???
3.Дали свесно знаејќи дека имаме квалитетен тим сакате уште првата полусезона да не оддалечите од водечките места???
4.Дали вашата блискост со одредени структури ве тераат да правите зло и да имате ваши фаворите уште од самиот старт на првенството???
5.Дали така сакате да ги истерате и уништите и тие малку спонзори кои од љубов спонзорираат во фудбалот???
6.Дали за остварување на вашите приватни бизнис интереси ќе ги погазувате сите кој чесно се борат на зелениот терен за да си ја остварите само вашата цел???
7.Дали знаете дека со вашите одлуки ја уништувате егзистенцијата и иднината на играчите,тренерите, и целите нивни фамилии???
8.Ова ли е борбата за чесното за кое зборевте кога дојдовте???

Оваа се прашања кои даваат многу одговори…

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДЕНЕШНИТЕ ОДЛУКИ НА ШТЕТА НА НАШИОТ ТИМ

Ситуација 1️⃣ (8 мин.)боречки зафат(недосуден пенал) при резултат 0-0

Ситуација 2️⃣ (60 мин.)сигнализација на непостоечки офсајд и поништување на регуларен гол при резултат 0-0“, стои во соопштението во кое има и видео од спорните ситуации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ