петок, 13 јуни 2025

Жестока казна за Куманово: 400.000 денари и четири меча без публика

Кошаркарската федерација на Македонија му изреше голема казна на Куманово поради инцидентот кој се случи на мечот против МЗТ Скопје кога навивачите напднаа свој кошаркар.

Објавено на

часот

Сподели

За време на мечот меѓу Куманово и МЗТ Скопје, домашните навивачи влегоа во теренот и го нападнаа нивниот кошаркар, Тадија Тадиќ, се обидоа да му до соблечат дресот. Тогаш дојде до мешаница на многумина инволвирани, а реакцијата на полицијата спречи поголем инцидент.

За овој голем инцидент, КФСМ изрече и голема казна за Куманово, која е поделена по три основи.

„Настап без публика на домашен терен (1) натпревар – плејоф, втор натпревар против Работнички и 16.000 денари, согласно членот 55.13 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги

Настап без публика на домашен натпревар, два натпревари од сезоната 2025/26 и 32.000 денари согласно 55.8 од пропозициите за натпреварување во сениорските лиги.

Настап без публика на домашен терен еден натпревар за сезоната 2025/26 и парична казна од 325.000 денари согласно членовите 15.4 и 15.2 од Дисциплинскиот правнилник на КФСМ“.

Збирно, Куманово ќе одигра четири меча без публика и ќе плати 400.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ