вторник, 13 мај 2025

Жестока казна: ФФМ ѝ одзема девет бода на Воска, две години суспензија за Нефи и тренерот

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече жестоки казни на Воска која реши да се повлече од мечот со Вардар при што дуелот не се доигра.

Објавено на

часот

Сподели

Воска е казнета со одземање на девет бодови, треба да плати и парична глоба од 7.500 евра. Двегодишна суспензија заработи нивниот претседател Нефи Усеини кој нема да може да биде дел од фудбалот во наредните две години, иста суспензија има и за тренерот Арби Клодиан.

Одлуката на дициплинската комисија ви ја пренесуваме во целост:

„ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец“.

Ова практично значи дека охридскиот тим е сигурен патник во Втората македонска фудбалска лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ