недела, 7 декември 2025

Жељко Обрадовиќ поднел оставка во Партизан!?

Според последните информации од српските медиуми, Жељко Обрадовиќ поднел оставка од тренерската функција во кошаркарскиот клуб Партизан.

Објавено на

часот

Сподели

Тој оставката ја поднел по поразот од Монако, но тоа не значи дека сигурно заминува, наводно е закажан состанок меѓу управата на клубот и Обрадовиќ на кој ќе се одлучува што понатаму.

Партизан играч очајно оваа сезона, амбициите беа високи, но во моментов се на 18. место на табелата во Евролигата, само Макаби и Асвел се зад црно-белите.

Нивниот најголем ривал е на четвртата позиција, а тоа го прави незадоволството кај навивачите на Партизан уште поголемо.

Наскоро се очекува да биде познато дали Партизан ќе добие нов тренер или ќе продолжи со Обрадовиќ.

Фото: ЕПА

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ