четврток, 12 јуни 2025

Ждрепката им се насмеа на Осогово и Големо Коњари, Преспа останува во Трета лига

Фудбалските екипи Осогово и Големо Коњари ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во сезоната 2025/26 и покрај поразите во бараж натпреварите за влез во оваа конкуренција.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката следи по ослободувањето на две места во лигата по откажувањата на Гостивар и Воска, поради што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска организира ждрепка за пополнување на поразот.

Добитници во ждрепката испаднаа Осогово и Големо Коњари кои ќе бидат дел од Втората лига во наредната сезона.

Ждрепката и не требаше да се одржи по најавата на Беса за повлекување од сениорскиот фудбал, но брзо следеше пишманување што ѝ пресуди на Преспа, кој ќе мора и следната сезона да игра во Третата лига.

Покрај Осогово и Г. Коњари, нови второлигаши се и Тетекс, Шкендија Арачиново и Слога (В) – екипи што обезбедија промоција со победи во баражите.

Фото: Fb/GFKOsogovo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ