Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена утрово беа одредени групите во второто по ранг натпреварување – Европската лига.
Среќата го посака Вардар, вицешампионот на Македонија доби ривали по мерка и се најдев во групата Ф заедно со Кристијанштад, Тулуз и подобриот од пресметката помеѓу Дуго Село и Сесвете.
Алкалоид за влез во групната фаза прво го чека двомеч со Хановер, и ако момците на Кире Лазаров направат изненадување, ќе се најдат во групата Г, каде ќе играат против Фредериција, Татран Прешов и победникот од баражот меѓу Савехов/Малме.
Групната фаза во Европската лига почнува на средината од октомври, а завршува на почетокот од декември.
This is the #ehfel 2025/26 🟠😎
#handball #elm pic.twitter.com/pXmDc8wNsM— EHF European League (@ehfel_official) July 18, 2025






