На „Сикс Кингс Слем“ кој веќе станува традиција, учествуваат шесте најдобри тенисери. Лани триумфираше Јаник Синер.
Во овогодинешната ждрепка повластен статус имаа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз кои имаат директно место во полуфиналето.
Ѓоковиќ за противник ќе го чека победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Стефанос Циципас, додека Алкараз ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Александер Зверев и Тејлор Фриц.
Турнирот се игра од 15 до 18 октомври.






