среда, 11 март 2026
ДРАМА ВО ФИНИШОТ И ПОГОДОК КОЈ РЕТКО СЕ ГЛЕДА

Жажа со чудесен гол ја остави Црвена звезда без Лига на шампиони и донесе историја за Пафос (ВИДЕО)

Пафос се избори за историски настап во Лигата на шампиони откако вечерва одигра 1-1 на реваншот против Црвена звезда, Жажа со чудесен гол во 90. минута го фрли на колена шампионот на Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Драма во Лимасол, Пафос за прв пат во својата историја ќе игра во Лигата на шампиони, а Црвена звезда разочарана ќе се врати во Белград и ќе мора да се помири со настап во Лига Европа.

Шампионот на Србија успеа да ја надолни негативата од првиот натпревар кога ударот на Иваниќ по еден час игра, со голема доза на среќа заврши во мрежата на Пафос за 0-1.

Но домаќините стигнаа до 1-1 во 89. минута, Жажа постигна чудесен гол откако при еден прекин, од тежок агол зафати волеј кој на крајот се покажа како фантастичен лоб.

Во последните мигови немаше многу фудбал, имаше многу тензија, влечење и прекини и Црвена звезда не успеа да се избори за продолженија.

ФОТО: fb/PAFOS FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ