Кружниот напаѓач ќе остане дел од битолскиот состав и во сезоната 2026/27, со што се потврдува континуитетот во ростерот на актуелниот шампион на Македонија.
Пешевски е еден од играчите чие доаѓање се совпадна со подемот на клубот и освојувањето на трофеи во домашното првенство. Неговото искуство и стабилност на позицијата пивот беа значаен фактор во резултатите на Пелистер во изминатиот период.
Пред ангажманот во Битола, тој настапуваше за Металург, украински Мотор Запорожје и германски Штутгарт, каде што стекна интернационално искуство кое денес го користи во дресот на македонскиот шампион.






