недела, 4 мај 2025

Заврши сезоната за Кузмановски, а нема да ја стартува ниту наредната

Левото крило на Пелистер, Цветан Кузмановски заработи повреда поради која ќе отсуствува од ракометот од шест до девет месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Кузмановски се повреди на мечот против Бутел. Веднаш се виде дека повредата е сериозна, а тоа било потврдено и на прегледите.

Ракометарот на Пелистер ги повредил предните вкрстени лигаменти.

Повредата ќе ја санира со операција, а периодот на рехабилитација е од шест до девет месеци.

Тоа значи дека за него не само што оваа сезона е завршена, туку и наредната нема да ја стартува од почеток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ