понеделник, 13 април 2026

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА, познати се плеј-оф дуелите (ФОТО)

Ноќеска се одигра последното коло од регуларниот дел од сезоната во НБА, дефиниран е плеј-оф костурот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од западната конкуренција директно во плеј-офот одат: Оклахома, Сан Антонио, Денвер, ЛА Лејкерс, Хјустон и Минесота, а во плеј-ин ќе разигруваат Феникс, Порланд, ЛА Клиперс и Голден стејт.

Од источната конкуренција директно во плеј-офот одат: Детроит, Бостон, Њујорк, Кливленд, Торонто и Атланта, дополнителни места преку плеј-ин ќе бараат Филаделфија, Орландо, Шарлот и Мајами.

Плеј-оф двојки кои веќе се формирани се:

Денвер – Минесота
ЛА Лејкерс – Хјустон
Њујорк – Атланта
Кливленд – Торонто

Оклахома, Сан Антонио, Детроит и Бостон своите противници ќе ги дознаат по завршувањето на плеј-ин дуелите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ