Денвер го победија Хјустон, а со тоа го освоија четвртото место и се изборија за предност на домашен терен во дуелот со Лос Анџелес Клиперс.
Лос Анџелес Лејкерс ќе играат против Минесота. Езерџиите како третопласирани ја имаат предноста на домашен терен.
На истокот Индијана ќе игра против Милвоки, а Њујорк против Детроит.
Првопласираните две на истокот и западот го чекаат исходот од плеј-ин натпреварите за да ги дознаат своите противници.
На западот во плеј-ин играат Голден стејт и Мемфис. Победникот ќе игра во плеј-офот против Хјсутон, а поразениот ќе има уште една шанси, ќе игра со победникот од дуелот меѓу Сакраменто и Далас. Кој ќе стигне до плејофот од овие екип ќе се сретне од Оклахома.
На западот во плеј-ин играат Орландо и Атланта. Победникот оди на Бостон во плеј-офот, а поразениот ќе игра со победникот од мечот меѓу Чикаго и Мајами. Кој ќе стигне до плејофот од овие екипи ќе се соочи со Кливленд.
THE BRACKET IS SET 🍿 pic.twitter.com/xZBRkF7LT7
— NBA (@NBA) April 13, 2025