Веројатно најголем подвиг направи Спортинг Лисабон, кој со гол во 94. минута на гости кај Атлетик Билбао победи со 2-3 и се протна во „топ осум“. Поради овој резултат извисија Реал Мадрид кој загуби на гости кај Бенфика (3-2), Интер кој тешко слави кај Борусија во Дортмунд (0-1), како и ПСЖ и Њукасл кои одиграа реми (1-1).
Елиминација претрпе и Наполи каде што игра Ељиф Елмас. Италијанскиот првак загуби од Челси (2-3) и заврши на 30. позиција на табелата.
Во топ осум завршија Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотнем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити.
Во плеј-офот ќе играат Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт и Бенфика.
Резултати од последното коло во ЛШ:
Ајакс – Олимпијакос 1-2
Арсенал – Каират 3-2
Атлетик Билбао – Спортинг 2-3
Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт 1-2
Барселона – Копенхаген 4-1
Леверкузен – Виљареал 3-0
Бенфика – Реал Мадрид 4-2
Дортмунд – Интер 0-2
Клуб Бриж – Марсеј 3-0
Ајнтрахт – Тотнем 0-2
Ливерпул – Карабах 6-0
Манчестер Сити – Галатасарај 2-0
Монако – Јувентус 0-0
Наполи – Челси 2-3
Пафос – Славија Прага 4-1
ПСВ – Баерн 1-2
Ројал Унион – Аталанта 1-0






