вторник, 16 декември 2025

Заврши годината за Димитриевски, македонскиот голман нема да брани ниту во Купот на Шпанија

Валенсија има уште два натпревари до крајот на 2025 година, а Столе Димитриевски нема да биде во конкуренција за ниту еден од нив, причината е повреда.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот голман беше прв избор на Валенсија за натпреварите од Купот на Шпанија, а вечерва на програмата е токму таков дуел. Валенсија гостува кај Спортинг Хихон.

Природно, Димитриевски ќе беше стартер на овој меч, но Македонецот е повреден. Не тренираше вчера, тој е во фаза на рехабилитација од мускулна повреда и нема да биде во комбинација до крајот на 2025 година.

Покрај денешниот меч од Купот на Шпанија, Валенсија оваа година има уште и дуел во Ла Лига против Мајорка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ