вторник, 9 декември 2025

Затворска казна за голман кој 106 пати позајмил пари и ниту еднаш не вратил

Поранешниот германски голман, Ајке Имел кој има 64 години, е осуден на казна затвор од две години и два месеци поради измами во кои оштетил поголем број на луѓе за вкупна сума од над 34.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Имел во текот на кариерата собра дури 534 настапи за Борусија Дортмунд, Штутгарт и Манчестер Сити, а 19 пати бранеше за репрезентацијата на Германија.

Во негово време фудбалерите ги немале примањата кои ги имаат денес, па тој почнал да се служи со измами за да може да живее што е можно подобро.

Откриено е дека позајмил пари дури 106 пати, и ниту еднаш не ги вратил.

Помеѓу измамените била и партнерката на Андреас Бреме, легендата на германскот фудбал и стрелецот на голот во финалето на Светското првенство во 1990 година со кој Западна Германија стигна до титулта. Од нејзе успеал да извлече над 18.000 евра.

Бреме кој сега е починат, пред три години зборуваше за измамите на голманот Имел.

„Бараше пари повеќе пати, се собраа околу 20.000 евра. Ветуваше дека ќе ги врати, но тоа никогаш не се случи“, зборуваше Бреме.

Фото: EPA

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ