Михаило Мудрик се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во 2023 во зделка вредна околу 100 милиони евра сосе бонуси, но никогаш не успеа посериозно да се наметне во стартниот тим.
Украинецот на крајот од минатата година дополнително се најде во сериозни проблеми и привремено беше суспендиран во декември месец поради тоа што паднал на допинг тест.
Фудбалерот негираше дека свесно користел недозволена супстанца, но ФА нема да му прогледа низ прсти и попладнево соопшти дека е покренато обвинение.
Доколку го загуби процесот, Михаило Мудрик може да добие суспензија и до 4 години и долго време да биде надвор од терените.
Новите лоши вести доаѓаат само десетина дена по одлуката на Челси да му ја земе „10-ката“ на Михаило Мудрик и да му ја додели на Кол Палмер.
ФОТО: X/Chelsea FC