петок, 20 март 2026

Загреб се засили со уште еден екс-играч на Вардар

Хрватскиот шампион Загреб продолжува со засилувањата за новата сезона и ангажира уште еден поранешен играч на Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за поранешниот ракометар на двократниот европски првак, Глеб Калараш. Искусниот пивот пристигнува како слободен играч и потпиша договор на две години, а во Загреб доаѓа од редовите на ПИК Сегед. Рускиот интернационалец зад себе има богата кариера и настапи за неколку познати европски клубови.

Калараш во минатото го носеше дресот на Вардар, а играше и за Мотор Запорожје, Санкт Петербург, Магдебург, Балинген и Мелсунген.

Покрај него, Загреб обезбеди уште едно засилување од ПИК Сегед. Нов член на тимот е десниот бек Јовица Николиќ, кој исто така стави потпис на двегодишен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ