четврток, 11 декември 2025

Загадениот воздух го „избрка“ Вардар од Хиподром, „црвено-црните“ ќе тренираат во Охрид

Од таборот на Вардар брифираа дека во следните денови ќе тренираат во Охрид поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар за следниот предизвик во ПМФЛ ќе се подготвува во Охрид, ваква одлука донела управата на барање на стручниот штаб.

Тренинг базата на „црвено-црните“ во Хиподром е во непосредна близина на отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево каде што вчера избувна пожар, па поради загаденоста на воздухот, нема услови за тренинг.

Вардар сега ќе биде во карантин во Охрид, и од таму ќе патува во Гостивар за пресметката против Арсими во четврток, во рамките на 6. коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ