петок, 13 јуни 2025
Одби двојно повисока плата

Заборави на парите од премиерлигашите кога доби повик од Реал, Хујсен пред трансфер во Мадрид

Реал Мадрид успешно ги заврши преговорите за ангажман на Дин Хујсен, младиот дефанзивец одби два пати поголема плата од премиерлигашите за да го облече белиот дрес на „кралевите“.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид ја доби трката за перспективниот Дин Хујсен, чија цена порасна дури за три пати по добрата сезона во Борнмут.

Неколку извори попладнево објавија дека се испеглале сите детали, па останува уште дефанзивецот да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

„Кралевите“ за услугите на Шпанецот ќе одвојат околу 60 милиони евра (сумата ќе биде платена на неколку рати), а дефанзивецот го чека петгодишна соработка со бруто плата од 9 милиони евра по сезона.

Неколку клубови од Премиерлигата, како Челси, Ливерпул и Арсенал исто така беа заинтересирани за услугите на Дин Хујсен, дури нуделе и двојно повисока плата, но очигледно за младото момче Реал Мадрид е поважен од парите и тој одбра да го следи својот сон да го облече белиот дрес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ