Она што претходно беше шпекулација, сега е и официјално потврдено, Борозан веќе не е член на Вардар.
„Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.
Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Вардар.
Во својот прв престој во Вардар кога Борозан замина на полусезона, црвено-црните станаа Европски шампиони по вторпат.






