понеделник, 12 јануари 2026

Вук Карановиќ меѓу топ 300 исклучителни лидери за глобална извонредност за 2025

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, кој во моментов ја извршува функцијата извршен директор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Вук Карановиќ е избран меѓу Топ 300 исклучителни лидери за Глобална извонредност за 2025 година. Тој е добитник на признание во категоријата „Социјално влијание и цел“.

Објавено на

часот

Сподели

Карановиќ имаше силна конкуренција со оглед на тоа дека над 12 илјади номинации беа поднесени во осумте категории: бизнис лидери, лидери на мисла, здравствена заштита и биолошки науки, оперативна извонредност, социјално влијание и цел, жени во лидерство, младо претприемништво, како и вештачка интелигенција и дигитална трансформација.

Секоја номинација подлежи на детално разгледување за категоријата каде лидерството и влијанието се најсилни, притоа истакнувајќи ги уникатните придонеси на кандидатите.

Признанието е поддржано од „Excellence Talks“ во партнерство со „KAIZUNO“, а под мотото „Извонредноста не е титула. Таа е одговорност.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ