недела, 25 јануари 2026

Вторпат проблем во Куманово, прекинат натпревар поради влажен и опасен терен (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација се случи повторно во Куманово, каде што истоимениот домаќин го дочека Чаир 2030 во првиот натпревар за 2026 година во Суперлигата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата траеше неполни две минути, а причината одново беше иста. Проблем беше паркетот кој беше лизгав, а еден од гостинските фудбалери падна и за малку не се повреди. Тогаш еден од тројцата судии реши да покаже крај, поради немање основни услови за игра.

Имено, проблем претставува влагата која предизвика сериозен проблем и беше безбедносен ризик за играчите.

Слична ситуација се случи и претходно оваа сезона, кога беше одложен мечот со Феникс. Слично како и тогаш, се очекува средбата да се одигра во текот на утрешниот ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ