недела, 15 март 2026

Време е за ново „вечно“ дерби, Еурофарм Пелистер под императив да го победи Вардар

Вечерва во Битола се игра ново големо ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во рамки на второто коло од плеј-офот во Суперлигата.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот носи голема тежина во борбата за шампионската титула, бидејќи битолскиот тим во пресрет на натпреварот има четири бода помалку од скопскиот ривал и победата е императив.

Еурофарм Пелистер ќе се обиде пред својата публика да ја намали разликата на табелата и да ја задржи неизвесноста во шампионската трка. Вардар 1961, пак, пристигнува во Битола со намера да го зачува првото место и со позитивен резултат да се доближи до враќање на титулата.

Во регуларниот дел од сезоната двата тима ги искористија домашните терени и запишаа по една победа, што дополнително ја зголемува важноста на вечерашниот дуел.

Натпреварот почнува во 19:00 часот, а правдата на теренот ќе ја делат Ненад Николовски и Исмаил Металари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ