петок, 30 мај 2025
Во знак на револт по казната од ФФМ

Воска се повлече од Првата лига и нема да ја доигра сезоната

Од таборот на Воска Спорт соопштија дека се повлекуваат од македонската Прва лига и нема да ја доиграат сезоната, ваквиот чекор е повлечен по казната која ја добија од Фудбалската федерација на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот од Охрид остана без девет поради тоа што реши да го напушти натпреварот против Вардар во минатото коло, па во знак на револт од одлуката на Дисциплинската комисија при ФФМ, Воска Спорт реши да не ја доигра сезоната.

„Ова раководство на ФФМ не дозволува рамноправна трка за сите учесници во македонското првенство и покрај тоа што водат кампања за „фер-плеј“. Направија се за да не отстранат од ова првенство, а единствена причина е, се чини, тоа што сме албански клуб“ – се вели во дел од соопштението.

„Ако ова е фудбалот што го сакаат, тогаш ние не сме подготвени да бидеме дел од него“.

Покрај одземените девет бода, со кои Воска Спорт испадна во втора лига, клубот доби и парична глоба од 7.500 евра, а претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри добија двегодишна суспензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ