четврток, 24 април 2025
Македонскиот воин со борба за паметење

Волкановски испиша историја па порача: Ова е неверојатно, многу луѓе ме отпишаа

Александар Волкановски испиша историја со победата над Диего Лопез и стана првиот борец во историјата на УФЦ, кој со 35 или повеќе години, победил на борба за појас во категоријата од мува до лесна.

Објавено на

часот

Сподели

Александар Волкановски во 2023 беше поразен од Ислам Махачев, потоа во 2024 ја загуби и борбата со Илија Тупорија, па во еден период размислуваше и за пензија.

Австралискиот борец со македонско потекло сепак не се предаде, уште еднаш се врати во октагонот и утрово испиша историја.

Со победата над Диего Лопез, популарниот Александар Велики стана првиот борец во УФЦ, кој со 35 или повеќе години, победил на борба за појас во категоријата од мува до лесна.

„Оф човече, колку е добро што се вратив!“ – вели Волкановски. „Никогаш не сум почувствувал толку многу љубов“.

„На моите девојки им ветив дека дома се враќам со појасот. Но мислам дека појасот ми беше во втор план, повеќе ме интересираше пораката до оние кои веќе ме отпишаа, и ги имаше многу такви“.

„Се вратив по два порази, проклетството наречено 35 години, долга пауза и победа против одличен борец како Диего Лопез… ова е неверојатно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ