Имено, сите кои сметаат дека се оштетени од пролетниот дел од сезоната ќе можат да добијат детална анализа.
„Клубовите кои ќе сметаат дека ВАР погрешил и ги оштетил ќе можат да поднесат жалба. Потоа ќе добијат можност да ја прегледаат снимката и да го слушнат разговорот помеѓу судиите. Ова ќе биде ставено како предлог пред Управниот одбор на ФФМ, исто така од пролетниот дел од сезоната ќе има одлука и видеата од ВАР собата да бидат достапни“, изјави Омерагиќ.






