Истрагата уште трае, постојано се апсат играчи, а бројките досега се застрашувачки.
Турската фудбалска федерација досега суспендираше 1.024 фудбалери од првите три лиги.
Обинителите наредија да се уапсат 46 лица, меѓу кои се фудбалери, клубови, коментатори и судии.
Скандалот за првпат беше објавен во јавност на 27 октомври, а во фокус прво беа судиите. Петгодишната истрага откри дека дури 371 од 571 судија имале профили на страни за обложување, а 152 активно си ставале облози.






