сабота, 3 мај 2025

Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец

Хрватските медиуми информираат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во Карловац во која се повредени три лица, а загинати двајца меѓу кои и фудбалерот Никола Покривач.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила синоќа околу 20:15. Учествувале четири автомобили, полицијата потврди дека има двајца починати, а еден од нив е фудбалерот.

Тој во кариерата настапуваше за Динамо Загреб, Монако, Салцбург, Интер Запрешиќ, Шахтер, Славен Белупо… дресот на Хрватска го носеше 15 пати, беше дел и од Европското првенство во 2008 година.

Покривач имаше само 39 години.

Откако пред неколку години му беше дијагностициран рак, тој се повлече од професионалниот фудбал и настапуваше во аматерските лиги во Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ