сабота, 12 јули 2025

Во Скопје стартуваше Европското првенство во џудо за кадети

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на Европското првенство во џудо за кадети што ќе се одржи од 26 до 29 јуни во Скопје. На свеченото отворање на шампионатот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје присуствуваше и претседателот на Европската џудо унија, Ласло Тот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија за прв пат е домаќин на Европско првенство во џудо, организација доверена од Европската џудо унија. Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ги собра најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.

„Министерството за спорт дава огромна поддршка за ваквите настани на кои се раѓаат нови спортски ѕвезди и се промовираат вистински вредности. Во духот на овој спорт, тоа значи посветеност, дисциплина и стремеж кон совршенство. Ова првенство нека биде поттик за младите да го сакаат спортот, да бидат дисциплинирани и истрајни на својот спортски пат“, истакна министерот Ристовски.

На Европското првенство во џудо за кадети во Скопје настапуваат 42 репрезентации од вкупно 51 земја членка на Европската џудо-унија. За европските медали на ова ЕП за кадети ќе се борат 442 млади натпреварувачи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ