недела, 7 декември 2025

Во пабови во Глазгов се пееше за Бојан Миовски (ВИДЕО)

Само еден натпревар беше потребен за да се промени перцепцијата на фановите на Глазгов Ренџерс за Бојан Миовски, по вчерашната негова партија навивачите на шкотскиот клуб го слават македонскиот фудбалер.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски даде два гола во победата од 3-0 над Килмарнок, со тоа дојде до бројката од три гола оваа сезона во најдобрата шкотска лига.

Македонскиот фудбалер го подобри односот со тренерот, ги напушти социјалните мрежи, се фокусираше на она што треба да го прави и резултатот дојде.

По вчерашната победа на Ренџерс, навивачите пееа песна за Миовски во паб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ