среда, 16 април 2025

Во Јунајтед се свесни дека направија грешка, ќе биде тешко да ја поправат

Луѓето од Манчестер јунајтед си ја признаваа грешката, Андре Онана е далеку од она што мислеа дека е, клубот сака да го продаде голманот на лето, но нејасно е дали ќе може.

Објавено на

часот

Сподели

Јунајтед не сакаше да го продолжи договорот на Де Хеа и за големи пари го купија Онана. Тоа се покажа како голем грешка со оглед на големиот број на киксови кои ги прави голманот.

Наводно, раководството на клубот сака да го продаде Онана на лето, трпението е загубено, особено по двата кикс гола против Лион.

Сепак, продажбата ќе биде проблем, со лошите перформанси Онана си ја намали цената, па се верува дека ниту некој ќе сака да го плати обештетувањето кое го бара Манчестер јунајтед, ниту да му даде подобра плата од таа која тој во моментов ја има на Олд Трафорд.

Дури Јунајтед и бесплатно да сака да се ослободи од него, тешко е да се најде клуб кој му даде подобри услови од оние кои ги има сега, па голема е шансата тој да остане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ