На последните два натпревари Македонија доживеа тешки порази, најпрво бевме торпедирани Кардиф од Велс каде примивме седум голови, а потоа во Копенхаген од каде си заминавме со четири парчиња во нашата мрежа.
Ги загубивме шансите за Светско првенство и мундијалскиот сон е згаснат, но денеска треба да го обелиме образот и да покажеме дека сме подобри од резултатите на последните средби.
Со Ирска имаме шест меѓусебни дуели, но одамна не сме се сретнале, последниот пат беше во 2011 година. Оттогаш поминаа цели 15 години. Тие се подобри, имаат четири победи, а ние само еден триумф, еднаш одигравме и реми.
За Ирците ние сме кошмарна селекција иако они се радувале на повеќе победи, двапти не успеаа да триумфираат, а токму тие резултати ги чинеа место на големите натпреварувања.
Вечерашниот меч резултатски е неважен, но се верува дека нема да изостане мотивираноста за победа и кај двете репрезентации. И Ирска и Македонија сакаат раните да ги залечат со триумф кој ќе наговести подобри денови.
Селекторот Гоце Седлоски рече дека ќе направи одредени промени во стартниот тим, но не големи. Сега во комбинација ги нема Миовски и Трајковски кои незадоволни од својот статус го напуштија репрезентативниот табор. Но, оние кои се во стројот ветија дека ќе го дадат максиумот за победа.
Иако натпреварот беше распродаден, се очекував арената во Даблин да не биде исполнета. Ирците очекуваа дека денеска ќе играат финале, па ги разграбаа билетите, а откако загубија од Чешка, голем дел од нив почнаа да ги враќаат.






