Интересно, во 2019 година Дејан Станковиќ стана тренер на Црвена звезда доаѓајќи токму на местото на Владан Милојевиќ. Реприза на таквата ситуација се очекува да се случи и овој декември.
По лошите резултати во првенството на Србија и новиот пораз од Војводина, раководството на Црвена звезда планира до крајот на овој дел на местото од Милојевиќ да го донесе Станковиќ. Веќе е направен контакт и преговорите се во напредна фаза.
Дејан Станковиќ е слободен тренер во овој момент по отказот кој го доби од Спартак Москва, па Црвена звезда се чини како добра опција за нов ангажман.
Наводно планот е Милојевиќ да ја води Црвена звезда против Штурм како и на преостанатите два натпревари од првенството до зимската пауза, а потоа да се случи тренерската смена.
Не се исклучува можноста мечот го Грац да да ја промени одлуката за тренерска смена, но раководството на Црвена звезда веќе работи на неа.






