недела, 7 декември 2025

Влезот за мечот меѓу Македонија и Азербејџан е слободен

Кошаркарската федерација на Македонија одлучи да ги отвори вратите за мечот против Азербејџан, влезот во СРЦ „Кале“ во четврток ќе биде слободен.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација во четврток од 19 часот ја пречекува селекцијата на Азербејџан во првиот меч од претквалификациите за Европското првенство 2029.

Со цел кошаркарите да добијат поглема поддршка од трибините, КФМ одлучи влезот во „Кале“ за овој натпревар да биде слободен.

За оние кои нема да можат да дојдат и во живо да го проследат натпреварот, МРТ обезбеди директен пренос.

Три дена по натпреварот против Азербејџан, Македонија гостува ѝ гостува на Р. Ирска во Даблин.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ