Палмеирас е првиот четвртфиналист на Светското клупско првенство, момците на Абел Ферира во Филаделфија славеа во бразлиската пресметка против Ботафого со 1-0.
На теренот имаше многу борба но малку шанси, а одлучавачкиот момент се случи во 100. минута, кога Паулињо со прецизен шут по земја ја затресе мрежата.
Фудбалерот влезе во игра во второто полувреме и беше заменет веднаш по голот, но иако не помина многу време на теренот, го направи најзначајното – го однесе Палмеирас во следната рунда.
ФОТО: X/SE Palmeiras