четврток, 29 јануари 2026

Владо Милев се врати во Унгарија, ќе игра во добро познат клуб

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Владо Милев одново ќе игра во странство, искусниот играч стави потпис на договор со унгарскиот тим, Казинбарчика.

Фото: ОФМ

Објавено на

часот

Сподели

Милев на паузата од првенството ја прекина соработката со актуелниот македонски шампион Струмица 47&72 каде ја извршуваше и функцијата претседател на клубот.

Македонскиот репрезентативец реши да потпише за клубот од Унгарија во кој и претходно има играно.

Милев го носеше дресот на Казинбарчика во периодот од 2017 до 2019 година, во тој период освои две шампионски титули и еден куп пехар.

Договорот е постигнат за до крајот на сезоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ