петок, 23 мај 2025

Високата казна за Воска не им беше за пример, Гостивар не го доигра мечот со Работнички

Минатата недела Воска беше топ тема во македонскиот фудбал откако не го доигра мечот со Вардар, но денеска се случи иста ситуација, овојпат во режија на Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

На пет минути до крајот на мечот, при негатива од 2-1 на мечот со Работнички, Гостивар одлучи да се повлече од натпреварот поради лошо судење.

Турските сопственици на Гостивар и минатиот викенд се жалеа на судењето, а овојпат решија да го напуштат мечот.

При повлекувањето од теренот дојде и газдата на клубот Енес Уста кој поразговара со судиите, а потоа ги „собра“ играчите.

Воска за повлекувањето од мечот против Вардар доби казна од одземање на девет бода и суспензија за сопственикот Нефи и тренерот од по две години.

Но, ваквата строга казна за Воска не го поколеба Гостивар и тој да напушти натпревар.

Воска по добиената казна реши да се откаже од натпреварувањето, ќе видиме каква ќе биде санкцијата за Гостивар и што ќе решат тие за остатокот од сезоната.

Во останатите денешни мечеви: Пелистер – Тиквеш 1-0, Шкендија – Шкупи 3-3, Силекс – Струга 0-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ