сабота, 12 јули 2025

Вирусот го „исцедил“ Мбапе, напаѓачот изгубил 4-5 килограми по хоспитализацијата во САД

Како што пренесува Марка, Килијан Мбапе изгубил 4 до 5 килограми поради вирусната инфекција, се говори дека на напаѓачот ќе му треба десетина дена да се врати во полн натпреварувачки ритам.

Објавено на

часот

Сподели

Светското клупско првенство не почна добро за Килијан Мбапе, напаѓачот кратко по пристигнувањето во САД беше хоспитализиран поради гастроентеритис.

Како што пренесува Марка, вирусот добро го „исцедил“ Французинот, кој изгубил 4 до 5 килограми.

Чаби Алонсо најави дека Килијан Мбапе ќе се врати во тимот за мечот против Салцбург во среда, но не е јасно каква ќе биде неговата инволвираност, одредени избори пишуваат дека на напаѓачот ќе му треба десетина дена за да се врати во полн натпреварувачки ритам.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ