понеделник, 8 декември 2025
БРАЗИЛЕЦОТ СЕГА СО СПОРТСКИ ПОТЕГ ИЗНУДИ НАСМЕВКА КАЈ СИТЕ

Винисиус Жуниор му врати „мило за драго“ на Чаби Алонсо и го понижи на денешниот тренинг (ВИДЕО)

Винисиус Жуниор во неколку наврати влезе во конфликт со тренерот Чаби Алонсо поради тоа што беше резерва или повлекуван од игра, па на денешниот тренинг му врати „мило за драго“ и му ја протна топката низ нозе во партија шева.

Објавено на

часот

Сподели

Чаби Алонсо активно учествува во тренинзите на Реал Мадрид, па така беше и утрово во пресрет на пресметката против Олимпијакос во Лигата на шампиони.

Се играше шева, тренерот на „кралевите“ беше во средина, а Винисиус Жуниор ја крена атмосферата кога со дрзок потег му ја протна токата низ нозе.

Ова изнуди насмевки кај многу фудбалери, помеѓу кои и Килијан Мбапе.

Изминатиов период често се пишува за затегнати односи помеѓу Винисиус Жуниор и Чаби Алонсо, двајцата во неколку наврати влегоа во конфликт поради тоа што Бразилецот беше резерва или повлекуван од игра, наводно тренерот е и една од причините зошто Бразилецот не сака да стави потпис на нов договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ